Обвинителството бара притвор за маж од Скопје кој три години силуваше малолетно дете и го снимаше

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжени кривични дела – силување на дете кое не наполнило 15 години и прикажување порнографски материјал на дете.

Според Обвинителството, осомничениот, во временскиот период од 2023 година до 27.04.2026 година на различни локации принудувал на полов однос дете родено во 2012 година и го злоупотребувал за да сними фотографии и видеа со порнографска содржина.

Тој, според ОјО, на детето му се заканувал дека доколку каже некому, снимените материјали ќе ги покаже на други лица.

– Имајќи го предвид ризикот од бегство, можноста за влијание врз сведоците и особено малолетната жртва, како и ризикот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, тврдат од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

Повреден е малолетник, падна од мопед – не застана на полициски знак

А1он

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Приведен 50-годишник, силувал девојка со здравствени проблеми

Катерина Ѓуровски