Малолетник со нерегистриран мотор згазил жена пешак во Прилеп – починала на место

Од:

Малолетник без дозвола управувал мотор кој не бил ниту регистриран и предизвикал сообраќајна несреќа во Прилеп. Удрил во 68 годишна жена пешак која починала од повредите.

„ На 28.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Тризла“ во Прилеп, мотоцикл „хамачи” без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Прилеп, удрил во пешакот Г.М.(68) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.М. и била пренесена во Градската болница Прилеп каде што подоцна починала, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот. “ велат од МВР.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Би можело да ве интересира

Возило удри во пешак, возачот е во бегство

Шестооделенец со лисици врзал соучесник и му вперил пластичен пиштол

Се преврте багер, загина малолетник

А1он

Малолетник со метален предмет нападнал момче во Неготино

Автомобил тешко повреди пешак во Скопје

Пешак е тешко повреден во сообраќајка на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље