Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во Струга

Од:

МВР извести дека денеска во 1.45 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на крстосница од ул. „Боро Хаџиески“ со ул.„Кузман Јосифоски – Питу“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „опел“ управувано од Г.М.(33) од с.Радолишта,и мопед „априлиа“ управуван од малолетник од Струга.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 30 повредени откако автобус се судри со возила и удри во зграда

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски

Руско семејство со дете е повредено на автопатот во близина на Бања Лука

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега