Малку судии и многу неработни денови – причини за неажурноста на судовите во првиот квартал, констатираше Судски совет

Од:

Судството во првите три месеци од годинава не било ажурно и биле решени 137.725 предмети, ова беше кажано во образложението на 524-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

По точката за разгледување и оценување на тримесечните извештаи за работа на судовите за 2025 година, односно за периодот јануари-март беше констатирано дека повеќето судовите биле неажурни.

Почетокот на годината судовите го започнале со 133.882 предмети, а примиле во работа 148.588 предмети, што значи дека вкупно за работа имале 282.470.

Помалиот број решени предмети во споредба со примените во овој период се должи на намалениот обем на работа заради многуте празници во јануари и префрлањето на предмети од претходната година. Како причина за неажурноста, беше наведено во дискусиите, се должи и на малиот број на судии. Оценката беше дека се постигнати задоволителни резултати, со оглед на околностите. Како проблем за ефикасноста на судовите беше напомената и состојбата со службите како записничари и стручни соработници, кои треба да се вработат, но за нив нема согласност од Министерството за финансии за нивно вработување.

– Ова е уште една причина да бидеме погласни. Имаме испратено бројни ургенции и апели за да ја постигнеме финансиската независност на судството, но засега тоа не вроди со плод, рече претседателот на судскиот совет, Александар Камбовски.

Извештајот беше усвоен и наскоро ќе биде објавен наскоро и ќе биде достапен за јавноста.

Би можело да ве интересира

Судскиот совет го разреши судијата од Апелациониот суд Скопје, Енвер Беџети

Горан Наумовски

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

Судскиот совет: Не го користете судството за дневно политичка кампања

Судски совет нема да постапува за време на изборите

Судски совет на седница ќе одлучува како ќе работи во периодот до изборите

Сиљановска Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го чека новиот закон

Катерина Ѓуровски