Макрон смета дека е најдено компромисно решение, Владата тврди дека добила предлог со идеи од Франција

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон на прес-конференцијата на Самитот на НАТО во Шпанија откри дека неговото претседателство нашло компромисно решение за преговарачката рамка за членство во ЕУ за Северна Македонија.

„Мислам дека најдовме компромисно решение“, рече тој на прес-конференција на самитот на НАТО во Шпанија.

Бугарскиот парламент и даде зелено светло на владата на 24 јуни да ја одобри преговарачката рамка за членство во Европската унија за Северна Македонија. Пратениците изгласаа да и се дозволи на владата да го укине своето вето по измените во рамковниот текст што ќе ги гарантира правата на Бугарите во земјата преку уставни измени и ќе го обврзе Скопје да одржува добри односи со Бугарија, но македонската влада не го прифаќа предлогот додека не се гарантираат со него јазикот и идентитетот на македонскиот народ.

Во меѓувреме до македонската влада преку МНР од француското претседателство пристигнал предлог со идеи кои се однесуваат на јавно изнесените позиции и ставови на владата.

„Ова претставува основа за отворање на широк консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со Претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата. Како што ветивме, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, мериторно, согласно Стратешките интереси на земјата и на сите нејзини граѓани. Сакаме да упатиме благодарност до Претседателот Макрон и француското претседателство, за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот“, соопштија од владата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести во Франција – хулигани кршеа пињата со ликот на претседателот Макрон

А1он

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Макрон се обидува да ја смири Франција, полицијата се подготвува за нови немири

А1он

ВИДЕО: Нередите во Париз продолжија до рано утрово

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски