А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Габриела Димковиќ-Мишевска
Македонија

Макрон откри: Скопје не доби датум заради Албанија, Мицкоски упорен – Заев не испорачал резултати

by Габриела Димковиќ-Мишевска07/11/2019 - 17:0107/11/2019 - 17:522132
Share1

Францускиот претседател, Макрон, во интервју за магазинот „Економист“ рекол дека е подготвен да се согласи да почнат преговорите со Скопје доколку во следните месеци се реформира процедурата, а земјата продолжи со реформите. Понатаму, Макрон вели дека членките на ЕУ се затскривале зад француското вето за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија и дека во суштина согласност за зелено светло имало само за Скопје.

Добивај вести на вибер

„Сите во ЕУ беа за преговори со Северна Македонија, но не и со Албанија. Северна Македонија е мала земја, го смени името и тоа навистина е историско постигнување. Доколку направиме реформи во следните неколку месеци, подготвен сум да се отворат преговори и доколку и тие (земји, н.з.) направат дополнителни напори, кои им преостануваат“, вели Макрон за британски „Економист“.

Наспроти ваквиот став на Макрон, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека дека отворањето на преговорите зависело од власта предводена од премиерот Зоран Заев. Во интервју за хрватски „Вечерњи лист“ рече дека немало шанси Заев да го убеди Макрон да ја смени одлуката.

„Ако ме прашате за моето мислење за одлуката на претседателот Макрон, мислам дека шансите се минимални, особено ако претседателот Макрон не добие цврсти аргументи дека фактите се променети и дека давањето датум на Македонија е корисно и за Франција и за Европската Унија. Кои гаранции може да му ги даде Заев на претседателот Макрон? Заев нема образ, а Европа не верува во неговите солзи“, изјави Мицкоски за „Вечерњи лист“.

По стигнувањето негативен одговор од Брисел, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и тогаш го обвинија премиерот Заев дека нема капацитет да ја внесе земјата во ЕУ и побараа негова оставка и предвремени избори.

dpmneeufrancijasdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Горан Наумовски02/04/2026 - 16:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто