СДСМ ја поздравува посетата на Генералниот Секретар на Обединетите Нации на Република Македонија.
„Сметаме дека е добро што г-динот Бан Ки Мун во своето обраќање ја потенцираше важноста на континуитетот на државноста и придонесот во сите изминати 20 години независнот на Република Македонија.Тој посвети особена важност на мудрата, државничка политика која во 90-тите години овозможи Македонија да остане надвор од војните на просторите на поранешна Југославија.Факти, кои за жал, актуелната власт постојано се обидува да ги минимизира и става во негативен контекст“, изјави Јани Макрадули.
„Цениме дека е од исклучителна важност тоа што господинот Бан Ки Мун јавно потврди дека лично ќе се заложи за побрзо решавање на спорот за името, притоа повторно реафирмирајќи го многу значајното покровителство на Обединетите Нации во овој процес кој има суштинско значење за Евроатланската иднина на Република Македонија“, изјави Макрадули