Макрадули: Владата да каже како е надминат проблемот со Топлификација

Од:

Кандидатот на СДСМ за скопски градоначалник, Јани Макрадули ја повика владата да каже како е надминат проблемот околу Топлификација, откако Макпетрол вчера објави дека ќе прекине со испораките на гас и мазут кон оваа компанија поради ненаплатени долгови.

„За да ја извлече од нелогичната позиција во која се наоѓа Топлификација, Владата вчера вети дека ќе посредува и најави дека проблемот со снабдување со топлинска енергија е решен. Но дали Владата само усно гарантирала, дали го исплатила долгот од 1,7 милиони евра што Топлификација го има кон Макпетрол или подмирила само дел, остана непознато“, изјави Макрадули.

Според него, недозволиво било владата да троши и гарантира со народни пари, а Топлификација да наплаќа од граѓаните.

„Нејасно е како е можно Топлификација да се гуши во долгови кога граѓаните навреме ги плаќаат сметките и тоа високи, во текот на целата година, а од пред некое време плаќаат и граѓаните кои не се корисници на услугите за греење“, рече Макрадули, додавајќи дека граѓаните на Скопје на почетокот на грејната сезона веќе се исплашени дали ќе биде обезбедено навремено греење до нивните домови.

Тој оцени дека владата дополнително ги направи Скопјани зависни од монополот на Топлификација бидејќи не инвестирала во други извори поевтини извори на енергија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“