(ВИДЕО) Макрадули: Се преземаат мерки за заштита на амбиентниот воздух

Од:

Проширена Интересорска работна група покрај со претставници од државите институции и од граѓанските здруженија, нејзина поголема соработка со локалните самоуправи, паралелна изработка на нова национален план за заштита на амбиентниот воздух, и законски измени за примена на мерките кои ќе бидат иницирани се дел од првите чекори на Владата за справување со проблемот на загадување на воздухот.

– Комисијата има за цел да помогне да се променат праксите во различни области, но и да се променат навиките кај сите нас. Области кои се предвидени за делување, за препораки и мерки се домашните ложишта, транспортот, индустриските капацитети градежништвото, третирањето на отпадот, подигнување на јавната свест и едукација, рече на денешната прес-конференција заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

Најави и примена на современи технолошки и иновативни решенија и преземање акции, кои како што рече, ќе бидат темелени врз основа на параметри и реални податоци.

– Бидејќи сето тоа треба да биде во некоја рамка, паралелно ќе се работи и на подготовка на нов национален план за заштита н амбиентниот воздух, а дополнително ќе има иницијативи за измена на законската регулатива за да се овозможи спровдување на дефинираните мерки, рече Макрадули.

Тие мерки, рече, може да се однесуваат на зголемување на бројот на корисници на централно греење, и тоа на природен гас, на намалување на емисиите од загревањето на домаќинствата и административните капацитети кои се однесуваат на контролата на оџаците, мерење на квалитетот на цврсти горива, намалување на емисиите во сообраќајот со воведување режим за сообраќај, категоризација на возила…

– Доколку не се преземат мерки постои реална можност за вложување на квалитетот на воздухот заеднички е интересот и започнуваме заеднички процес за справување со овој проблем, истакна заменик министерот Макрадули.

Ќе се разгледуваат и иницијативи за давање субвенции за замена на стари печки и купување нови со голема ефикасност, купување возила со нулта емисија на гасови, и иницијативи за финансиска поддршка за проширување на јавниот превоз со електрични автобуси

Вели дека важна улога ќе има и мониторингот на амбиентниот воздух, и негово проширување со мобилно возило кое треба да ги покрива областите кои не се покриени со статичните станици, а најави и зголемување ќе се зголемува и надзорот на инспекциските служби.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Најзагадени градови се Струмица и Тетово

(ВИДЕО) Снимки од дрон: Над Скопје облаци од чад, скопјани го дишат најотровниот воздух во светот

Кристијан Ландов

Плаќање во „Пошта“ најдоцна од први март следната година

Кристијан Ландов

Влада: Макрадули нов член на управниот одбор на „Македонски пошти“

Катерина Ѓуровски

Макрадули: Се анализираат примероци од камионите запрени на „Богородица“, отпадот останува на царински терминал

Драган Поповски

Омбудсманот почна постапка за контрола на српското Министерство за екологија заради загаденоста на воздухот