Макпрогрес Виница со донација од 500.000 денари за Министерството за здравство

Од:

Макпрогрес доо Виница донираше  500.000 денари на посебната донаторска сметка на Министерство за здравство со цел набавка на опрема и медицински помагала за нашите болници, а обезбеди и донации во храна за СОС Детско село и во заштитна опрема за локалните институции.

-Во исклучително тешкиов период за сите нас и предизвикот со кој сите се соочуваме, Макпрогрес Доо Виница една од водечките прехрамбени индустрии во Македонија е силно посветена кон задоволување на потребите на населението посебно водејки грижа за здравјето и заштитата на своите 730 вработени. Како општествено одговорна компанија ја информираме јавноста дека уплативме финансиска помош од 500.000 денари за донаторската сметка на Министерство за здравство, а со цел набавка на опрема и медицински помагала за нашите болници. Во меѓувреме силно делуваме и локално и регионално снабдувајки ги локалните институции со потребна заштитна опрема како маски, скафандери, ракавици и срества за дезинфекција. Покрај овие две донации, оваа недела се реализира и донацијата во храна за СОС Детското село во Скопје, сé со цел да дадеме поддршка на нашите пријатели за полесно справување со ситуацијата во која се наоѓаме, соопшти Макпрогрес доо.

Нашите препораки, истакнуваат, се да ги следиме упатствата од Минитерството за здравство и СЗО, да се грижиме за себе и за тие околу нас, да бидеме искрени и посветени.

– Само така ќе можеме да се справиме со пандемијата. Чувајте се и бидете ни здрави и безбедни! Седи дома, порачуваат од компанијата.

Би можело да ве интересира

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

Орце Костов

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов