„Макфакс“-анкета: Катица Јанева треба да биде уапсена

Од:

Во он-лајн анкетата која што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Дали Катица Јанева треба да продолжи да оди на работа во СЈО“, над половина, односно 75,3% од анкетираните одговориле со „Не, треба да биде уапсена“. Дел од нив, поточно 13.4% одговориле со „Не, поради морални причини по снимките за „Рекет“.

Вкупно 11.3 проценти од испитаниците сметаат дека шефицата на СЈО, Катица Јанева треба да продолжи да ја извршува функцијата во СЈО. Од нив, 3.7% одговориле со „Да, додека не се избере нов обвинител“, а 7.6% со „Да, бидејќи не е осомничена“.

Анкетата беше спроведена на 13 веб страници, а стартуваше на 13 август и траеше 24 часа. Од вкупно 7.061 анкетирани, според податоците на истражувачкиот центар на „Макфакс“, најголем дел биле мажи на возраст од 35 до 44 години.

Над 80 проценти од нив гласале од Македонија, додека останатите од Германија, Грција, САД, Австралија и други држави.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов