„Македонија блокира“ против уставните измени со тричасовна блокада на улиците

Од:

Членовите и приврзаниците на движењето „Македонија блокира“ попладне во знак на протест против уставните измени, организираат блокада на повеќе клучни крстосници во центарот на Скопје. Од здружението информираат дека од 15.30 часот ќе бидат блокирани улиците во центарот на градот, кај зградата на Тифани и Црвен крст, а од 16.30 и улицата Даме Груев и пристапот до Собранието. Сообраќајот ќе биде затворен до 18.00 часот, по што протестот продолжува во Жена парк, спроти, законодавниот дом.

Од таму, бараат разбирање до граѓаните и како што велат дека оваа не го прават за личен или партиски интерес, туку за одбрана на името и идентитетот на македонскиот народ.

Главното барање на „Македонија блокира“ е распуштање на Собранието и распишување на нови избори. Демонстрантите јавно го повикаа и премиерот Заев на јавна дебата организирана од нив на која ќе ги соочат ставовите околу клучните прашања за македонскиот народ.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Марта Кос: Македонија мора да го исполни ветувањето и да ги внсе Бугарите во уставот

Катерина Ѓуровски

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски