Македонското научно здружение за аутизам организира меѓународна конференција

Од:

Македонското научно здружение за аутизам – МНЗА организира меѓународна конференција на тема „Лицата со аутизам во центарот на вниманието – поддршка преку индивидуално насочено планирање“, која ќе се одржи во среда на 25 Август, 2021 година, во 12:00 часот на платформата Зум.

Оваа конференција е завршен настан од 3 годишниот проект “A holistic approach to person-centered planning for Autism (AUTISM_PCP)”, од Еразмус+ програмата на Европската Комисија

Конкретната цел на настанот е да се промовира методологијата за индивидуално насочено планирање (Person-centered planning) прилагодена за лица со аутизам, која е развиена како клучен резултат од работата на Autism_PCP меѓународниот конзорциум, во изминативе три години. Но, исто така, имаме намера да дадеме и поширок пресек на моменталната состојба во однос на правата и потребите на лицата со САС, како и системските решенија во однос на социјалните услуги за оваа категорија граѓани, која за жал станува се побројна.

На веб конференцијата ќе има вкупно 12 предавачи од Австралија, САД, Кипар, Грција и Македонија. До овој момент се пријавени преку Гугл формулар 563 гости од следните држави: Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, САД, Германија, Велика Британија, Нов Зеланд, Грција и секако најголем број пријавени од Македонија.

За време на сесиите очекуваме да се развие плодна дискусија и на крајот да извлечеме практични заклучоци. Сето ова во насока на што поголем индивидуален развој и независност на лицата со состојби од аутистичен спектар во нашата држава.
Доколку сте заинтересирани за линкот од настанот обратете ни се преку електронска пошта. Во прилог ви ја праќаме програмата од веб конференцијата и ви стоиме на располагање за дополнителни информации преку контактите кои се дадени на левата страна од овој меморандум.

Би можело да ве интересира

Мехмедовиќ: Не постои релевантен доказ дека вакцини предизвикуваат аутизам

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

Орце Костов

Зоран Мијалков поднесе пријава за расистички и ксенофобични пораки за децата со аутизам против вевчанецот Србаковски

Соучениците издлабиле свастика на тинејџер со аутизам: „Такво нешто не сме виделе со децении“

Кампања по повод Светскиот ден на аутизмот

Ана Ололовска

Ковачевски: Владата продолжува со силна поддршка за лицата со аутизам и нетипичен развој

А1он