Македонските граѓани ќе можат без виза да патуваат и во Белорусија

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко потпиша декрет со кој се воспоставува безвизен влез и излез на странски државјани на 80 земји, меѓу кои и Македонија, за престој не подолг од пет дена, соопштуваат од белоруското министерство за надворешни работи.

Во документот се утврдува безвизен влез за Белорусија за период не подолг од пет дена, преку граничниот премин на националниот аеродром во Минск. Декретот се однесува на 39 земји во Европа, вклучувајќи ја и целата Европската унија, како и Бразил, Индонезија, САД, Јапонија и други земји.

Документот е во насока на подобрување на условите за бизнис патниците, туристите и лицата со редовен пасош, и тој ќе стапи на сила еден месец по неговот објавување додаваат од белоруското МНР.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Белорусија мора да ја демонтира опремата што ѝ помага на Русија

Зеленски: Знаеме за секоја фабрика во Белорусија што работи за Русија и за војната

Зеленски му постави ултиматум на Лукашенко: Имате една недела

Украинци погодија автобус што превезуваше белоруските деца од фудбалски тим

Горан Наумовски

Визите се причина за „војна“ помеѓу Бугарија и САД

Путин: Употребата на нуклеарното оружје е крајна мерка