(ФОТО) Македонскиот претседател во официјална посета на Катар

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска на покана од катарскиот емир Шеик Хамад бин Калифа ал Тани престојува во дводневна официјална посета на Државата Катар.
Шефот на македонската држава и емирот aл Тани на средбата во Доха ќе разменат мислења и информации за досегашните билатерални односи и за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Фокусот на разговорите ќе биде ставен на можностите за развивање на соработката во економијата, но и во други сфери од заемен интерес.

За време на посетата, планирано е натамошно унапредување на договорната рамка меѓу двете држави, при што е предвидно потпишување меморандуми за разбирање во областа на туризмот и за соработка меѓу стопанските комори на Македонија и Катар.

ivanov katar2

Во делегацијата предводена од претседателот на Република Македонија е и министерот за економија, Ваљон Сарачини.

Македонија и Катар досега имаат потпишано договори за избегнување двојно оданочување, за соработка во сферата на образованието, во земјоделството и за заемна заштита на инвестициите.

Според агендата, претседателот Иванов утре ќе го посети и Универзитетот Џорџтаун, каде ќе одржи предавање на тема „Балканот и Заливот: крстосница на цивилизациите”.

Сопругата на македонскиот претседател, Маја Иванова во рамки на официјалната посета ќе оствари средба со Шеика Моза бин Насер, сопруга на емирот на Државата Катар и ќе го посети Шафалах центарот за деца со посебни потреби.

Ова е прва официјална посета на претседателот Иванов на Државата Катар, која се реализира по дводневната официјална посета на катарскиот емир на Државата Катар на Република Македонија, на 17 и 18 октомври 2011 година.

Покрај официјалните посети, претседателот Иванов и емирот ал Тани досега имаат остварено повеќе билатерални средби на маргините на меѓународните настани на кои учествувале.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on