Македонски железници: Штрајкот на машиновозачите е незаконски

Од:

Од Македонски железници преку соопштение ја известуваат јавноста дека машиновозачите и помошниците машиновозачите започнале штрајк, кој според нив е незаконски и не бил писмено најавен.

„Со почетокот на штрајкот не сообраќаат сите возови во патничкиот и товарниот сообраќај.

Со наредно соопштение подетално ќе Ве известиме кои возови почнувајќи од 16.03.2022 година не сообраќале во патничкиот и товарниот сообраќај, со име и презиме на машиновозачот и помошникот машиновозач кои требале да ги опслужуваат наведените возови.

ЖРСМ Транспорт АД-Скопје ја известува јавноста дека во услови на пандемија, енергетска и светска безбедносна криза, редовно ги исплаќаат платите и надоместоците на вработените, иако Друштвото се соочува со намалени приходи, а во исто време и зголемени трошоци по однос на користење на електричната енергија и нафтата, кој инпут енормно ги зголемува вкупните трошоци во редовното работење.

Напоменуваме дека Железници на Република Северна Македонија на вработените ја има во целост исплатено платата за месец јануари 2022 година.

Железницата како крвоток и битен сегмент во извршување на превозот на патниците и стоките во Републиката и надвор од неа со целосниот прекин на железничкиот сообраќај им се нанесуваат огромни материјални и нематеријални штети на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје, ЈП за железничка инфраструктура на Република Северна Македонија и на целокупното стопанство на Република Северна Македонија.

На крајот, напоменуваме дека незаконитиот прекин на работа, односно штрајк, не е организиран согласно ЗРО и Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје и истиот не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машиновозачите кои имаат примено вкупен паричен надоместок за месец Ноември 2021 година во просечен износ од 48.092,00 денари, за месец Декември 2021 година во просечен износ од 49.926,00 денари, за месец Јануари 2022 година во просечен износ од 55.097,00 денари, односно Тромесечен просек за периодот 11 и 12/2021 година и 01/2022 година во износ од 51.038,00 денари.

Во тој контекс, Ве известуваме дека платата на Машинскиот персонал континуирано се зголемува и тоа од 2007 година, па се до денес и тоа со користење на метод на присила, т.е. незаконски прекин на Железничкиот сообраќај во кој тие се главни носители.

Во таа насока, Ви посочуваме дека платите на другите вработени се драстично помали и тие воопшто не го следат претходното зголемување на трендот на платите на категоријата Машински персонал (Машиновозачи и Помошници машиновозачи).

За споредба само сакаме да Ви посочиме дека платата на еден Дипломиран инжинер во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје кој не е на раководна функција изнесува околу 28.000,00-29.000,00 денари.

Исто така на крај, ЖРСМ Транспорт АД-Скопје ја известува јавноста дека Управата за сигурност во железничкиот систем изврши Инспекциски надзор за штрајкот кој беше организиран од страна на машинскиот персонал на ден 27.01.2022 година и притоа истата констатира дека организираниот штрајк од страна на машиновозачите не е легитимен“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Кинеските дизел возови поправени после четири месеци: Од утре и трет воз за Битола

Орце Костов

Железници добија нова помош за исплата на плати: Само советниците на директорот чинат 20.000 евра

Орце Костов

Заврши санацијата на Железничкиот мост на Црна Река, од утре повторно товарен железнички сообраќај Скопје-Гевгелија

Оценка 2.91 за патувањето со воз, пругите „чекаат“ приватни оператори и ремонти

А1он

Столбот на мостот на Црна река преку кој поминува возот ќе се прави околу два месеци

Десет дена нема воз Скопје-Битола