Македонски владика со бугарска црковна делегација ќе патува за Ерусалим по Велигденскиот благодетен оган

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска се сретна со старозагорскиот митрополит Кипријан, кој е раководител на Комисијата за признавање на статусот на МПЦ – Охридска архиепископија, пренесе БГнес.

Комисијата беше формирана кон крајот на 2017 година, на барање на МПЦ за соседната БПЦ да придонесе кон признавањето на нејзиниот статус во екуномската заедница.

За време на средбата меѓу премиерот Борисов и миторполитот Кирпијан станало збор за начинот на кој од Ерусалим бугарска црковна делегација ќе го донесе Велигденскиот благодетен оган и ќе и го предаде на претставник на МПЦ-ОА.

Бугарија првпат благодетен оган и предаде на Македонија минатата година.

Токму старозагорскиот владика Кипријан годинава ќе патува во Ерусалим по благодетниот оган, а при посетата, што ќе се реализира со бугарскиот владин авион, за првпат во црковнста делегација ќе се наоѓа и македонски епископ, што била изричита молба на МПЦ.

Би можело да ве интересира

Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

МПЦ му одговори на Вучиќ: Црквата во Скопје е МПЦ-ОА и е отворена за сите

Горан Наумовски

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски