„Македонски шуми” – Кавадарци испорача над 19.000 кубни метри огревно дрво

Од:

Јавното претпријатие „Македонски шуми” подружница  „Бор”  од Кавадарци, заклучно со 15 октомври има испорачано над 19.000 кубни метри  огревно  дрво за домаќинствата  или 85 проценти од договорените количини, информира денеска директорот Слободан Климоски.

– До крајот на тековниот месец сите што склучиле договор ќе добијат барем половина од количината која ја уплатиле, а остатокот ќе го добијат најдоцна до првата декада од ноември. Подружницата има доволно залиха на шумско-камионски пат и секојдневно пристигаат нови количини на плац, соопшти  Климоски.

Според него, сите што не се снабдиле навреме со дрва за огрев ќе можат да си купат по испораката на договорените количини.

– Од 1 ноември ќе почне сечата на огревно дрво од државна шума за сопствени потреби, популарна кај населението како селска сеча, информира директорот.

Би можело да ве интересира

„Нема да ви пишеме казна, ама ќе ви ги земеме дрвата“ – уапсени вработени во Национални шуми

Анита Петровска Рајковиќ

Фалсификувал дозволи за сечење дрва – наплаќал по 200 евра од камион

Анита Петровска Рајковиќ

Кумановка измамена при набавка на огревно дрво

Администрацијата на Бајден планира да засади над една милијарда дрва во САД

Германците навалија на „Смедеревац“ печки на дрва и камини – се чека и по една година

А1он

Нелегална сеча на дрвја во Националниот парк „Пелистер“

Ана Ололовска