Македонски Манифест: ДУИ да не биде во идната влада

Од:

Здружението „Mакедонски манифест“ денеска побара Груевски да не ја вклучи ДУИ во идната Влада, а лидерот на партијата Али Ахмети со непризнавањето на новоизбраниот претседател Ѓорѓе Иванов се дисквалификува како партнер од извршната власт, објави 24 Вести.

-Со која логика таа партија која освои 153.000 гласови се заканува дека мора да се признаат нејзините гласови, а ги игнорира 535.000 гласови на другите граѓани кои гласале за Иванов? Бојкотот на претседателските избори базиран врз неуставни барања и со класична уцена, треба јавно да се осуди а не да се наградува, рече новинарот Георги Барбаровски, член на „Македонски манифест“

Според Стефан Влахов Мицов создавањето на влада со партии победници од македонскиот и албанскиот блок е фактичко признавање на федерализацијата на Македонија.

Поетот Ефтим Клетников рече дека ни се врши притисок од западните демократии да имаме етничко, а не граѓанско општество и ние сме бутнати во едно општетсво на племиња.

Тие препорачаа за формирање на идната влада, да се консултираат и останатите партии, па и најголемата опозициска СДСМ.

Според нив, лидерот на партијата Али Ахмети со непризнавањето на новоизбраниот претседател Ѓорѓе Иванов се дисквалификува како партнер од извршната власт.

Бараат од Ахмети јавно да ги признае резултатите од претседателските избори, а за формирање на Владата препорачуваат да се консултираат и останатите партии, па и со најголемата опозициска СДСМ.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски