Македонски Бугари: Македонците со двојно државјанство можат да гласаат на бугарските избори

Од:

Целосно ги демантираме лажните информации дека македонските државјани кои поседуваат и бугарски државјанства нема да можат да го искористат своето право на глас на претстојните парламентарни избори во Бугарија кои ќе се одржат на 4 април (недела) 2021 година, велат од здружението Македонско-бугарско пријателство од Скопје.

„Во отворените изборни места на територијата на Р. Македонија во Амбасадата на Р. Бугарија во Скопје, Генералниот конзулат во Битола и во градовите Штип, Охрид и Струмица ќе можат да гласаат сите бугарски државјани кои сакаат да го остварат своето гласачко право.

Подвлекуваме дека нема никаква забрана за гласање на македонските граѓани со бугарски државјанства. Гласините дека ќе можат да гласаат само лицата кои се пријавиле електронски во Централната изборна комисија на Бугарија се ноторна лага. Право на глас имаат сите, а доколку не се пријавени во ниту една од избирачките секции, ќе можат да гласаат откако на лице место пополнат декларација дека не гласале на друго место.

Тоа се правилата на ЦИК, кои се во целосна согласност со бугарскиот закон за избори и нема никакви измени, дополнувања или ограничувања.

Секој македонски граѓанин со бугарски пасош во недела 4 април 2021 г. во веќе објавените избирачки места во Скопје, Битола, Штип, Охрид и Струмица ќе може да го оствари своето право на глас,“ се вели во соопштението од здружението.

Би можело да ве интересира

ЕК покрена три нови постапки против Бугарија поради кршење на прописите на ЕУ

А1он

Со заедничка резолуција во Европскиот парламент ќе покажеме дека сме добри соседи со Бугарија, вели Мицкоски

Муцунски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија до Европскиот парламент е стигнат и сега Софија е на потег

(ВИДЕО) Во Бугарија запленети 206 килограми кокаин во вредност од околу 18 милиони евра

А1он

Ќе се гради прекуграничниот тунел помеѓу Ѓуешево и Деве Баир на пругата од Коридорот 8

Горан Наумовски

Бугарија: Пожар зафати 25 куќи, наредена е масовна евакуација