Македонската група во новиот Конгрес ќе брои 17 членови

Од:

Македонската група во новиот состав на Конгресот на САД ќе брои 17 членови, по приклучувањето на Вилијам Лејси Клеј, конгресмен од Мисури.

Како што информираат од Обединетата македонска дијаспора, Клеј претставува сојузна држава во која има голема заедница на Македонци.

– Македонците се доселуваат во Сент Луис повеќе од еден век. Овој град е историски центар за македонската заедница во САД, каде уште во 1903 година македонските доселеници помагаа да се изгради православната црква Свети Тома, пишува во соопштението на ОМД.

Клеј е конгресмен со 12 годишно искуство во Претставничкиот дом, каде служи во повеќе комитети, како комитетот за финансиски услуги и за надзор над владата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски