Македонската дијаспора бара повторно отворање на случаите на воени злосторства од 2001 година

Од:

Обединетата македонска дијаспора, најголемата организација на Македонците во странство, упати писмо до Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, во кое бара повторно отворање на четирите случаи за воени злосторства од 2001 година против поранешната Ослободителна национална армија.

Во писмото се бара отворање на случаите со пронајдените човечки остатоци во Непроштено, со малтретирање на работниците од ГП Маврово, Липковската брана и водството на ОНА.

Според ОМД, причината што Хашкиот трибунал би требало да ги отвори овие случаи е непостапувањето по нив од страна на македонското судство.

– Македонија како млада демократија има судски систем кој се уште се развива, но јасно е дека македонското судство понекогаш не успева да ја спроведе правдата и да се држи до принципот на владеење на правото. Затоа, Хашкиот трибунал е единствената институција која што може да обезбеди правда и да ја спречи културата на неказнивост во Македонија, пишува во писмото потпишано од Методија Колоски, претседателот на ОМД.

Во писмото, се оценува дека Хашкиот трибунал донел погрешна одлука кога почнал процес само против дел од обвинетите од конфликтот од 2001 година, а решил наведените четири случаи да се вратат во Македонија.

ОМД оценува дека амнестирањето на случаи на воени злосторства и злосторства против човештвото не е во согласност со меѓународното право, кое не дозволува амнестирање на вакви дела.

– Врз основа на правилото на предност, Хашкиот трибунал треба да ги врати овие случаи во своја надлежност особено бидејќи релевантните национални власти се неспособни или не сакаат да ги процесираат случаите, оценуваат од ОМД.

Амбасадорот за воени злосторства на американскиот Стејт департмент Стивен Рап неодамна за МИА изјави дека домашните судови, додека меѓународното судство ги гони само најсериозните дела, треба да ги гонат сите сериозни прекршители на правото, од двете завојувани страни во Македонија. Оценка дека амнестијата на воени злосторства не е прифатлива е содржана и во извештајот на Нилс Муижниекс, комесар за човекови права на Советот за Европа, објавен по посетата на Македонија.

Би можело да ве интересира

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

Орце Костов

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

Орце Костов

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски

Благој Нацоски ја поздрави мерката на Османи: Ќе ја користам „МКартата“ за брза лента на нашите аеродроми

Орце Костов