Во општините Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица, по седум дена регистриран нов случај на Ковид-19. Откако минатата недела еден пациент почина од коронавирус во Берово, само еден нов случај е билансот на нови заболени од коронавирус на крајниот Исток од државата. Новиот случај во Берово е од веќе познатиот кластер, а од тестираните други случаи, како што информираат надлежните, не се забележани.
– Единствениот активен случај пациент на коронавирус е од познат кластер, истиот се опоравува, додека од останатите тестирани за кои имаше сомнежи за појава на заразата од Ковид-19. Резултатите се негативни, информираа од надлежните здравствени институции.
Од избивањето на пандемијата единствена општина каде досега нема регистриран случај на коронавирус е општина Македонска Каменица.
-Сметаме дека тоа е така, бидејки населението се придржува до стандардни мерки за заштита. Апелираме на доследно почитување на мерките и понатаму, се со цел да остане ваквата слика за нашата општина, како место каде досега нема појава на коронавирус, велат одговорните лица за справување со пандемијата.
Нови случаи веќе два месеци не се регистрирани и во општина Делчево каде досега според статистиката на Министерството за здравство, само еден пациент кој имаше симптоматологија и на други болести почина од Ковид-19.