Македонка исчезнала во Грција – семејството на Фејсбук моли за информации

Од:

Уште еден случај на исчезнување е пријавен на Фејсбук страницата во живо од Грција, овој пат се работи за државјанката на Македонија, Милица Гелова (69), на која и се губи трагата на пат кон Василики.

Жената, чија фотографија е објавена во групата, со автобус требало да оди од Агростоље до Василики на Лефкада, каде што требало да се качи на брод, но не се појавила на станицата.

– Милица не стигна ниту со бродот во 13 часот, ниту со следниот во 15.15 часот, и отогаш и се губи секаква трага. Со себе имала мобилен телефон, но интернетот не и бил вклучен, изјавија нејзини блиски.

„Таа од Агростоље тргнала со автобус, со кој требало да замине за Василики, така што на 09.08.2023 год. се качи на бродот во 13 часот, а јас требаше да ја чекам во Македонија, но ја немаше – изјави нејзината братучетка за српските медиуми.

Таа на популарната фејсбук група бара помош и ги алармирала сите да ја најдат што поскоро.

Семејството ги замолува сите кои имаат некаква информација да се обратат во најблиската полициска станица .

 

Би можело да ве интересира

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони

Снег падна во Грција – наставата во училиштата прекината, сообраќајот е во хаос

А1он