Македонистите размислуваат и за репутацијата на Македонија

Од:

Македонија во светскиот печат е позната само по спорот за името со Грција, посочи неодамна Алекс Севињи од Универзитетот „Мек Мастер“ во Канада, инаку близок соработник на канадскиот премиер Џастин Трудо, во својот реферат со наслов „Македонија на насловните страници: медиумска анализа и анализа на репутацијата“.

Анализата на Севињи укажа дека Владата треба да ја подобри репутацијата на државата во светските медиуми преку формирање служба за односи со меѓународната јавност, чија првенствена цел ќе биде грижа за претставата што странците ќе ја стекнат за Мекедонија.

Севињи беше еден од осумнаесетте учесници на јубилејната, Десетта македонско-северноамериканска конференција за македонистика во Охрид.

На конференцијата зедоа учество еминентни научни работници од Канада, САД и Македонија, кои изложија реферати од областите лингвистика, литература, културологија, историја, комуникологија, глобални студии.

Меѓу нив беа Ендрју Граан од Универзитетот во Хелсинки, Финска, кој се осврна на кичот, капитализмот и урбаната обнова на Скопје преку проектот Скопје 2014 и Грејс Филдер од Универзитетот на Аризона во Тусон, која зборуваше за метајазичните димензии на македонско-бугарскиот договор за пријателство и на тој начин покажа дека политичките случувања во земјава се интересни и за лингвистичко набљудување.

Свои реферати изложија и Кит Браун, Елени Бужаровска, Кристина Крамер, Марија Кусевска, Зузана Тополињска, Виктор Фридман, Калина Малеска, Марјан Марковиќ, Лилјана Митковска, Димитар Пандев, Елена Петроска, Кетрин Рудин, Симон Саздов, Лидија Тантуровска, Станислава Сташа Тофоска и Владимир Цветковски.

Македонско-северноамериканската конференција за македонистика се одржува секоја трета година наизменично, во САД или Канада и во Република Македонија.

Годинава научниот собир беше во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и под покровителство на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година