„Македонија вечна“, стана „Северна Македонија вечна“

Од:

На забелешка од Грците веднаш е сменето името на туристичката кампања „Македонија вечна“ во „Северна Македонија вечна“!

Грчкиот весник „Прототема“ објави дека е корегирано името на кампањата и дека е вметната географската одредница согласно Преспанскиот договор.

„Туристичките власти на балканската држава инвестираа во детална и скапа промотивна кампања во која се обидоа да ја претстават античката македонска историја како своја, пропуштајќи да ја вклучат географската одредница во главниот слоган „Македонија вечна“, пишува Прототема.

Владата на Никола Груевски во 2009-та и 2010-та година преку кампањата „Македонија вечна“ ја промовираше земјата како туристичка дестинација на програмата на Си-Ен-Ен.

Би можело да ве интересира

Грчки дипломатски извори за АНА-МПА: Договорот од Преспа не може еднострано да се промени

Предраг Петровиќ

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Почна примената на правилата од Преспанскиот, од земјава се излегува само со Северна

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд едногласно одлучи да не се поведе постапка за Преспанскиот договор

А1он

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите