Македонија, Србија и Албанија можно е да не одат на Самитот во Брисел, одлуката утре

Од:

Во пресрет на претстојниот самит на ЕУ и Западен Балкан, лидерите на земјите од регионот се повеќе размислуваат дали да одат на самитот.

Претседателот Србија, Александар Вучиќ утрово преку видео врска разговараше со премиерот на Република Албанија, Еди Рама и со премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски.

Српскиот претседател Александар Вучиќ е на консултации со членовите на Владата и неговите најблиски соработници за одлуката дали ќе оди или не во Брисел.

Дополнително, македонските претставници размислуваат да не одат поради третманот на Европската унија кон државава, пишат српските медиуми.

Претседателот Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама сакаат да се солидаризираат, па одлуката ќе ја соопштат утре.

Пред конечната одлука Вучиќ, Рама и македонскиот премиер Димитар Ковачевски ќе разговараат уште еднаш за да се договорат.

Вучиќ на Инстаграм напиша дека тројцата лидери се договориле по консултации со нивните влади и советници, утре напладне да ја соопштат одлуката дали ќе присуствуваат на овој собир.

„Утрово разговарав со @ediramaal и @dimitar.kovachevski за претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел. Се договоривме по консултациите со нашите влади и советници, утре напладне да ја соопштиме одлуката дали ќе присуствуваме на овој собир. Разменивме мислења и за идните чекори на нашата иницијатива Отворен Балкан – Саем на вино, која ќе ги собере најдобрите винари од регионот, како и за следната средба на која ќе разговараме за повеќе прашања од интерес за нашите граѓани и подобри врски. “, напиша Вучиќ на Инстаграм, објавувајќи фотографија од разговорот.

„Во пресрет на претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан, денеска заедно со моите колеги Александар Вучиќ Еди Рама одржавме вонреден состанок за Отворен Балкан. Разговаравме за националните позиции на секоја земја, регионалните перспективи и динамиката на процесот на европска интеграција. дополнителни внатрешни консултации утре наутро, ќе донесеме конечна одлука за нашето учество на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел. Разговараме за повеќе теми важни за регионот и покренавме иницијатива за Агенцијата за привлекување инвестиции на отворениот Балкан, која ќе овозможи понатамошен економски развој.Темата беше претстојниот саем за храна, вино и туризам што ќе се одржи во Белград, како и неколку други теми кои произлегоа од последниот самит „Отворен Балкан“ во Охрид“, напиша македонскиот премиер Димитар Ковачевски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

О’Брајaн: Граѓаните ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго