Македонија со свој штанд на Саемот за туризам во Истанбул

Од:

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со свој штанд ја претставува Македонија на 20. издание на Саемот за туризам ЕМИТТ во Истанбул, Турција. На саемот, што беше отворен вчера и ќе трае до крајот на месецов, својот туристички потенцијал го презентираат 71 држава од светот.

Македонскиот штанд, кој со дизајнот е прилагоден за интересот на Турците, привлече огромен број на посетители уште првиот ден, информираат од Агенцијата.

– Зголемувањето на бројот на ноќи е право пропорционален со растот на бројот на туристи од Турција и за разлика од минатата година е покачен за над 40 отсто. Приватниот сектор на Турција очекува годинава зголемен интерес за Македонија, а со тоа и бројот на туристи од Турција да доживее драстичен пораст, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Оттаму посочуваат дека акцент на саемот во Турција се стави на посетата на Недрет Апајдин, провинциски директор на Истанбул во Министерството за култура и туризам на Република Турција и неговите пофални зборови за соработката меѓу Македонија и Турција и потенцијалот за нејзино продлабочување.

Конструктивни средби на кои се разгледувала можноста за соработка се оствариле и со тур-операторите Анитур и Татилстил, но и со претставници на ТАВ аеродромите и туристичките организации на Црна Гора, Србија и Турција.

На саемот за туризам во Турција присутни се и македонските туристички агенции Бадем Турс, Фибула, Генерал Турист, Вардар Експрес, Бохемиа и Енџој Балкас, но и хотелите Изгрев и Буши.

Би можело да ве интересира

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Прекугранични несекојдневни приказни кои ќе го развиваат туризмот во регионите на Пелагонија и Корча

А1он

Зголемен бројот на туристите и на ноќевањата

А1он