Македонија се подготвува за самитот на ОН за климатски промени во Париз

Од:

Секоја земја, вклучувајќи ја и Македонија, треба активно да се вклучи во глобалните напори за справување со климатските промени преку дефинирање конкретни, прецизни мерки и нивно имплементирање, порачуваат експертите.

Се уште не е доцна да се делува и да се смени нешто, но за тоа, велат, се неопходни согласност и заложба во светски рамки.

– Знаеме кои се ефектите од глобалното затоплување и какви можат да бидат последиците. Затоа и нашата одговорност, како луѓе, е огромна. Ако не дејствуваме сега, ризикуваме многу, а се уште не е доцна да смениме нешто, рече денеска Пјер Гињар, еден од организаторите на Самитот за климатски промени што ќе се одржи идната година во Париз.

Гињар на средба во Францускиот институт посочи дека активностите најпрво треба да се преземат на државно ниво преку вклучување на сите релевантни фактори, особено науката.

Некои земји како Кина и Бразил, нагласи, веќе направија сериозни чекори во делот на обновливите извори на енергија и намалената емисија на стакленички гасови.

– Многу сериозно ја сфаќаме обврската. Направивме анализа и ги разгледавме сите можни сценарија за влијанието на климатските промени. Пред Самитот во Париз ќе усвоиме документ со планираните клучни политики. Тоа ќе биде нашата конкретна заложба во овој сегмент, истакна Теодора Гранчаровска – Обрадовиќ од Министерството за животна средина.

Меѓу подготовките на Македонија за претстојниот Самит е и проектот „Младите за пониски емисии на јеглерод диоксид“. Целта е создавање мрежа на млади луѓе од Македонија и Франција на возраст од 14 до 22 години кои треба да разберат како нивните секојдневни одлуки влијаат врз намалување на климатските промени. Тие воедно ќе водат кампања за да ја подигнат свеста кај граѓаните и да извршат притисок кај локалните и централните власти за преземање акции за намалување и адаптација кон последиците.

– Клучно е инволвирањето на младите, дури и на оние од основните училишта, но многу значајно е и јакнењето на капацитетите. Со правење мали чекори, еден по еден, сигурно ќе успееме, истакна амбасадорката на Франција во Македонија Лоренс Оер, порачувајчќи дека секоја дефинирана мерка во справувањето со климатските промени не смее да остане само на хартија.

Конференцијата на ОН закажана за 2015-та во Париз претставува најголемиот собир на државници од целиот свет во борбата против климатските промени. Организаторите најавуваат потпишување договор со кој земјите, пред се, ќе се обврзат на намалување на емисиите на јаглерод диоксид, како и на обезбедување помош за помалите и посиромашните земји.

Носител на проектот „Младите за пониски емисии на јеглерод диоксид“ е младинската еколошка организација Гоу грин Скопје, а партнери се сојузите на извидници од Македонија и од Франција.

Според Третиот национален план за климатски промени, во Македонија најзагрозени се здравјето на луѓето, земјоделството, шумарството и водните ресурси. Доведена ќе биде во прашање и биолошката разновиднсот, а индиректни штети се предвидуваат кај туризмот, транспротот и културното наследство.

Би можело да ве интересира

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска