Македонија се договорила со Софија за дел од историските личности, Петков смета дека е можност за одблокирање на преговорите

Од:

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски и бугарскиот премиер Кирил Петков имаат заеднички став дека со отпочнување на преговорите на Македонија со ЕУ, ќе се се намали можноста за нестабилност во регионот. Додека Ковачевски вели дека нема конкретен документ за кој може да се разговара во рамките на институциите, Петков упати порака до историската комисија: „Имам добри вести, некои работи кои беа тешки да се надминат, сега има реална можност за надминување“.

„Во врска со политичките прашања, министерствата за надворешни работи работат. Се на ниво на размена на документи. Уште нема конечен документ за кој сме договорени. Штом се случи тоа, ќе го споделиме со релевантните институции во двете земји. Потенцирав дека проширувањето на ЕУ во суштина станува безбедносна политика и дека застојот во овој процес создава дополнителна нестабилност за регионот затоа што има неколку негативни тенденции, создава простор за влијание од трети страни. Одложувањето на пристапниот процес кон ЕУ за земјите од регионот создава дилеми што може да резултираат со намалување на довербата кај граѓаните во ЕУ. Историската комисија работи независно. На нашиот состанок тука во Софија, кажаа дека ќе ја забрзаат работата и штом дојдат до заклучоци, ќе ја споделат со другите“, кажа Ковачевски.

Петков пак, смета дека по кризата во Украина и војната која ја започна Русија, Западен Балкан мора да биде стабилен.

„Со Димитар работиме многу координирано и со фокусирани распореди и временски рамки, си поставивме неколку одредници кои мора да бидат остварени. Северна Македонија припаѓа во семејството на ЕУ, што е можно побрзо. Нашата Влада сака да го постигне овој резултат. Имаме неколку одредници, како што се заштитата на правата на малцинствата. Во блиска координација сме со европските партнери, кои служат како трета страна во преговорите. Очекуваме специфичен јазик на кој заедно ќе работиме во преговорите. Се надевам дека ќе го постигнеме резултатот. Историски, многу е подобрен нашиот однос во последните три месеци. Имаме заедничка цел. Комисијата за историски прашања ме извести за некои важни историски личности и нивниот третман. Ќе ви дадам некои детали. Дојдовме до напредок по тие прашања за историските личности, на многу конструктивен начин. Тоа отвора можност за забрзување на нашите преговори. Секако ќе ми треба прво да добијам и целосен извештај од комисијата, па штом го добиеме тоа ќе оди брзо“, вели Петков.

Би можело да ве интересира

Излета автомобил со Кирил Петков, еден загинат

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ