Македонија сака да го избегне грчкото „менгеме“

Од:

Француското меѓународно радио – РФИ под насловот „Македонија сака да го избегне грчкото ‘менгеме’“, се осврнува на посетата на специјалниот претставник на ОН Метју Нимиц на Атина и на Скопје, јавува дописникот на МИА од Париз.

Француското радио на својата интернет страница го објави редакцискиот текст во кој вели дека патувањето на Нимиц е со цел да ги релаксира преговорите меѓу двете земји во однос на паршањето околу името. Македонија поради противењето на Грците, се посочува во текстот, не успева да стане членка на НАТО, ниту пак да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

РФИ потсетува дека Македонија стана независна во 1991 година и веднаш се соочи со непијателството на Грција, нејзиниот јужен сосед. Атина се спротиставува на името на новата држава, нејзиното знаме и на делови од Уставот и сето ова поради, се наведува, „еленистичкиот карактер на античкото кралство Македонија“, кое се наоѓаше од двете страни на денешната граница.

Македонија, од своја страна, го промени знамето по договорот постигнат во Њујорк во 1995 година, но Грција го блокираше нејзиниот пристап во НАТО во 2008 година. За оваа одлука Грција беше казнета од Меѓународниот суд на правдата.

– Од друга страна, Македонија во 2005 година го доби статусот на земја кандидат за членство во ЕУ, но таа не ги има започнато преговорите бидејќи Грција се спротиставува на тоа, поддржана од две други балкански земји Бугарија и Романија. Полемиката меѓу двете земји е името Македонија. Под името Република Македонија државата е призната од 125 земји во светот, но за Атина и понатаму таа е „поранешна југословенска Република Македонија“, стои во текстот.
РФИ на крајот од својот осврт посочува и дека грчките цариници редовно ставаат налепници на регистарските таблички на автомобилите од Македонија, кои ја имаат ознаката МК за Македонија.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски