Македонија примена во Меѓународната организација за миграции

Од:

На денешниот 104-ти вонреден состанок на Советот на Меѓународната организација за миграции што се одржа во Женева, Република Македонија беше примена како 156-та полноправна земја членка во оваа организација.

Како што е наведено во соопштението од МНР, ваквата одлука беше донесена од Советот по поднесеното барање за членство на Република Македонија од македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски адресирано до генералниот директор на Меѓународната организација за миграции, Вилијам Леси Свинг.

По официјалниот чин на прием, во име на Владата на Република Македонија се обрати директорот за мултилатерални односи во МНР, амбасадорот Игор Џундев, кој ја поздрави досегашната добра соработка со Организацијата и ја подвлече континуираната поддршка на активностите на Меѓународната организација за миграции во Република Македонија, посебно за примарните цели на Организацијата која во партнерство со Владата, националните и меѓународните партнери, целосно е посветена кон имплементација и зајакнување на стандардите во сите миграциско поврзани прашања

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти