Македонија повторно во Вог, како предлог дестинација за посета во 2017 година

Од:

Со Охрид и со фотографијата на „Св. Јован Канео“ почнува написот во престижниот Вог кој овојпат препорачува шест дестинации на Балканот што мора да се посетат идната година.

– Добредојдовте во Охрид, Македонија, крајно совршен град, полн со шарм на Стариот свет, поставен на брегот на брилијантното Охридско Езеро. Ова светско наследство на УНЕСКО се наоѓа на крстосница, меѓу три национални паркови, привлекувајќи туристи, планинари, алпинисти и луѓе кои бараат одмор. Локалните жители тука шетаат по каменеста пешачка патека, а кануа лебдат во езерските води кои осцилираат. Охрид е и идеално место за уживање во македонската успешна сеозна на виното, пишува Вог во текстот објавен во петокот.

Посетете го, додава, најфотографираното обележје на Охрид, црквата Свети Јован Канео, видете го градот од врвот на Самоиловата тврдина.

– Прошетајте го Стариот град, поминете покрај куќите украсени со бугенвилија, саксии и бршлен, додека не стигнете до плажата Канео, дом на семејниот ресторан „Кај Каневче“. Завршете го денот со вечер во „Џез Ин“, ноќен клуб кој нуди жива свирка и каде што се состануваат локалните жители, стои во статијата.

За панорамаско разгледување, Вог ја сугерира турата преку Галичица до Преспанско Езеро, но го препорачува и ноќното возење со бродче до ресторанот „Острово“ во близина на реката Дрим и манастирот Свети Наум.

Престојувајте во еден од капацитетите, порачува авторот на текстот, наведувајќи ги хотелот Тино и вилите Света Софија и Мал Свети Климент.

Меѓу балкансите дестинациите што ги препорачува Вог како нетуристички, се и Призрен, Белград, Трансилванија, Химара, Херцеговскиот регион.

Би можело да ве интересира

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Прекугранични несекојдневни приказни кои ќе го развиваат туризмот во регионите на Пелагонија и Корча

А1он

Зголемен бројот на туристите и на ноќевањата

А1он