Македонија повторно ќе бара екстрадиција на Груевски, аргумент ќе бидат Хашките ќелии

Од:

Никола Груевски останува да одговара за уште девет предмети пред домашните судови и уште еднаш ќе поднесам барање за негова екстрадиција, изјави министерот за правда Кренар Лога.

На брифингот со медиумите, Лога посочи дека во писменото барање ќе биде наведено дека тој ќе биде сместен во т.н. Хашки ќелии и во затвор и во притвор.

– Верувам дека ќе бидат прифатливи за унгарските институции, дека тие ги исполнуваат сите меѓународни стандарди, изјави Лога.

Посочи дека својот став го кажал и на средбата со амбасадорката на Грција каде пребегаа Горан Грујовски и Никола Бошковски и дека е недозволиво европски земји како Грција и Унгарија да не помогнат за враќање на довербата.

– Уште еднаш од наша страна ќе побараме од нив тие да бидат екстрадирани, за еднаш засекогаш да се добие соодветна правда за нив и сите очекувања за правна држава да бидат остварени, не само на хартија, туку и вистински, изјави Лога, посочувајќи дека ако и тогаш не бидат задоволни од условите и имаат забелешки, ќе побараат и нивна поддршка за решавање.

Во однос на барањата од Кумановската група за трансфер на Косово, Лога рече дека дел од нив не биле целосни и се вратени да се дооформат.

– Го побарав досието поврзано со трансферот на Кумановската група. Најголем дел од тие барања не се според тоа што го предвидува законот. Остануваат најмалку десет чекори до нивниот трансфер на Косово, изјави Лога, посочувајќи дека и за ова прашање ќе треба согласност од двете страни.

Лога, исто така, посочи дека ќе има средба со косовскиот колега и ќе разговара за овој и сите други проблеми, како што се и екстрадициите за случајот „Монструм“.

Би можело да ве интересира

Филков: Ја разбирам нервозата на Лога, понатамошната комуникација ќе се води преку надлежните органи

Катерина Ѓуровски

Филков: Документот со препораките од Оценската мисија на ЕК бил земен од претходниот министер за правда

Лога: Уставениот суд во два случаи ја наруши правната сигурност на уставниот поредок, ова е форма на „државен удар“

Лога: Лафчиски неправедно го зазеде местото во АРМ што му припаѓа на Албанец

Катерина Ѓуровски

Лога: Со распуштањето на Судски совет и Советот на јавни обвинители се загрозува судската независност

Лога се пожалил во Брисел, Вашингтон и кај амасадорите дека нова власт ќе прави „упад“ во независни институции