Македонија почна да гради ограда на границата со Грција

Од:

Врз основа на предлог и известување на групата за проценка на ризици со која претседава директорката на ЦУК Сузана Салиу, Управувачкиот комитет за менаџирање на состојбите со бегалците на вчерашната седница одлучил да се операционализираат заклучоците од Националниот совет за безбедност и на јужната граница со Грција да се преземат сите техничко-тактички меркин за насочување на протокот на бегалците кон контролните пунктови заради регистрација и хуман третман, потврдуваат од Владата.

Оваа одлука подразбира да се преземат сите мерки и чекори за да се обезбеди канзализирање на протокот на бегалците што вклучува и подигнување заштитна ограда на границата, велат од Владата и потенцираат дека границата ќе остане отворена.

– Сакаме да потенцираме дека границата ќе остане отворена, ќе се пропуштаат сите бегалци кои се од регионите зафатени со воени конфликти, како и досега што се пропуштаат. Ќе продолжиме да се координираме со другите земји и понатаму, велат од Владата.

На почетокот заштитната ограда ќе биде подигната на одредени потези на јужната државна граница. АРМ веќе почна со изградба на оградата чија единствена цел е насочување.

– Македонија со ова им помага на мигрантите, но и на Европа и во подобро организирање и канализирање на мигрантите преку различни форми на стеснувања и организација на рутата со дополнително зголемување на безбедноста на земјите, но и на мигрантите, хуман третман, а со цел да се минимизираат и сите безбедносни ризици, истакнуваат од Владата на Република Макаедонија.

Во управувачкиот комитет членуваат министерот за здравство Никола Тодоров, кој е и претседател, министрите за одбрана, за внатрешни работи и за транспорт и врски, Зоран Јолевски, Оливер Спасовски и Владо Мисајловски, заменик министерот за внатрешни Митко Чавков, како и претставници од Владата, кабинетот на премиерот, АРМ и други институции.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод