Македонија очекува нови идеи од Нимиц, грчките медиуми пишуваат и за конкретни предлози

Од:

Медијаторот Метју Нимиц по новогодишните и божикните празници доаѓа во посета на Грција и на Македонија. Иако нема официјална најава, Атина и Скопје очекуваат тој да донесе нови идеи за надминување на долгогодишниот спор.

Грчките медиуми веќе излегуваат и со конкретни педлози кои според нив, Нимиц ќе им ги презентира на грчките и на македонските власти. Како што пишува весникот „Етнос“, со тоа медијаторот ќе ги принуди двете влади да донесат критични одлуки и да се ослободат од одговорноста за нов ќор-сокак кој би можел да доведе до сериозни несакани ефекти во НАТО и ЕУ.

Според весникот, предлогот би вклучувал географска одредница, без да се знае дали тоа ќе биде префикс на „Македонија“ или на „Република“, а нема воопшто да задира во прашањата за идентитетот и јазикот. Како противтежа на тоа, велат, предлогот ќе го покрие опсегот на употреба.

– Нимиц е насочен да предложи име за билатералните односи и меѓународните организации и необврзувачка препорака за употреба на билатерално ниво, додека одбегнува какво било вклучување на евентуалното решение во уставот на ФИРОМ, пишува „Етнос“.

Доколку медијаторот достави предлог што Атина не може да го прифати, според „Етнос“, би се зголемиле притисоците врз Грција, особено од оние земји кои и во изминатиот период барале Македонија да добие датум за преговори под референцата ФИРОМ.

Весникот коментира и дека овој пат процесот на преговори ќе биде запишан и во извештајот на комесарот за проширување Штефан Филе, кој како што вели, е пријателски ориентиран кон Скопје. Извештајот кој Европската комисија треба да го изготви напролет треба да има влијание врз земјите-членки на Унијата и одредување датум за пристапни преговори на Македонија со ЕУ во јуни следната година.

Претседателот Ѓорге Иванов минатата недела изјави дека очекува посредникот на ОН Нимиц,  да презентира нови иницијативи и идеи за решавање на прашањето за името.

– Се надеваме дека ќе има нови иницијативи и нови идеи за кои ќе треба да разговараме. По посетата на генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун во Македонија, состојбите се менуваат. Се чувствува  негов личен ангажман и настојување Нимиц да биде поактивен за да може процесот да се одвива и да не стои во место, изјави претседателот Иванов

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, пак, не сака да ги коментира очекувањата од посетата на Нимиц додека медијаторот не ги изнесе своите ставови.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски