Македонија на насловните страници во францускиот печат

Од:

Oружениот инцидент во Куманово се најде на насловните страници и во ударните вести на француските медиуми, пренесува дописникот на МИА од Париз.

„Жива затегнатост во Македонија“, објавува на насловната страница еден од најчитаните регионални весници „Л’ест Републикан“, осврнувајќи се на ситуацијата во Македонија, која според него беше сатабилизирана.

Париски „Ле Монд“ на внатрешните страници се обидува да ја анализира ситуацијата под насловот „Жестоки судири во Македонија“ – во борбите меѓу силите на редот и неидентификувана теророистичка група загинаа 22 лица. Билансот од судирите е тежок: осум загинати кај силите на редот и 37 ранети, 14 напаѓачи убиени. Парискиот угледен весник притоа пренесува дека одговорноста за судирот со силите на редот ја презела УЧК, но тоа не било потврдена.

„Фигаро“ и „Либерасион“  пишуваат дека НАТО и ЕУ се загрижени по последните настани во Куманово, притоа скоро сите медиуми ги пренесуваат  агнециските вести или извештаите на нивните дописници од регионот за текот на судирот.

Европскиот телевизиски канал „Евроњуз“, донесува и сведоштва на кумановци кои искажуваат сомневање во официјалната везрија на настанот.

Инаку во речиси сите медиуми се нагласува дека Македонија веќе десет години чека да започне преговори за членство во Европската унија и дека последната криза во Куманово доаѓа во контекст на постоечката политичка криза со аферите Пуч и прислушување.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски