Македонија потпиша 2-годишен договор за соработка со СЗО

Од:

На вчерашниот состанок во Будимпешта со Зузана Јакаб, Регионален директор на Светската здравствена организација, Министерот за здравство, Д-р Арбен Таравари го потпиша двогодишниот договор за соработка со Светската здравствена организација, со што Македонија стана една од првите земји да го направи тоа.

„Двeгодишниот договор за соработка е документ кој ја определува рамката за соработка помеѓу СЗО и Република Македонија.

Договорот за 2018/2019 година претставува наградба на веќе реализираниот договор за 2017/2018 година и дава насоки и цели за реализации во престојниот период.

Инаку активностите и целите предвивени во овој договор се во согласност со Здравје 2020 стратегијата на Светската здравствена организација. Оваа стратегија е веќе прифатена во Македонија и е во целост усогласена со нашите политики како министерство и воопшто како земја. Стратешки области за соработка се повеќе, но би ги издвоил, антимикробска резистенција, ментално здравје и здраво живеење“, изјави министерот Таравари.

Денеска во 11 часот, министерот Таравари ќе има и свое обраќање на регионалниот состанок на Светската здравствена организација каде што ќе ги претстави приоритетите на министерството, предвидените реформи како и стратегијата 2020 на министерството која се прави во соработка со Светската здравствена организација.

Би можело да ве интересира

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

СЗО: Стотици илјади деца и бремени жени во Газа ќе страдаат од неухранетост

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!