Македонија ќе протера уште шестмина руски дипломати

Од:

Министерството за надворешни работи информира дека денеска бил повикан Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му била врачена дипломатска нота, со која шестмина дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се посочени како непожелни во државата или персона нон грата.

„Врз основа на информациите добиени од надлежните органи, посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

МНР пред две недели прогласи петмина дипломати на руската амбасада во Скопје за непожелни. Од почетокот на војната во Украина, Русија ја прогласи Северна Македонија за непријателска држава, откако земјава се приклучи кон санкциите на ЕУ.

Минатата година двајца руски дипломати беа прогласени за персона нон грата, едниот во мај, а вториот во август и беа протерани од Северна Македонија.

И во двата случаја Русија реагираше со реципрочни мерки, односно со протерување на македонски дипломати од Москва.

Би можело да ве интересира

Тројца руски дипломати протерани од државата, Захарова вели тоа нема да остане без одговор

Дипломатски синдикат: Османи да се справи со малверзациите и кај другите амбасадори за кои има сознанија

A1on

Од триесетина деградирани дипломати Бујар Османи им го вратил звањето само на оние кои го добиле МНР на суд

A1on

Македонија прогласи пет руски дипломати за персона нон грата

(ВИДЕО) Со солзи се бара Русија да ја запре војната: Разбудете се Европо, Путин убива деца

Кристијан Ландов

За упасените дипломати ќе се постапува согласно меѓународните договори најавува премиерот

Катерина Ѓуровски