Македонија ќе добие 100.000 дози од вакцината „Фајзер“ преку Ковакс

Од:

Приближно 14,1 милиони дози вакцини Фајзер/БиоНТек ќе бидат дистрибуирани во 47 земји во вториот квартал на оваа година, соопшти денеска Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ).

Како што пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ),испораката на вакцините ќе се спроведе во периодот од април до јуни оваа година.

Според последните информации објавени од ГАВИ, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово преку Ковакс системот во периодот од април до јуни треба да добијат 100.620 дози од вакцината на американскиот производител „Фајзер“.

Во овој трет круг не се распределени вакцините за Црна Гора, додека Србија се очекува да добие 28.080 дози.

ГАВИ, алијансата која раководи со Ковакс заедно со Светската здравствена организација (СЗО) и Коалицијата за иновации во подготвеност за епидемијата, наведува дека тие во првиот круг доставиле 1,2 милиони дози вакцини „Фајзер“ на 18 учесници во програмата.

Во текот на вториот круг доставени се 237 милиони дози на вакцината Астра Зенека до 142 учесници во програмата и испораката е сè уште во тек.

Земјите од Западен Балкан првите дози на вакцини против коронавирус преку системот Ковакс ги добија во средината на март.

Така, Северна Македонија, како и Црна Гора добија 24.000 вакцини АстраЗенека, Босна и Херцеговина доби 26.400 дози вакцини Астра Зенека, како и 23.400 вакцини БиоНТех-Фајзер. Исто така, се очекува на 22 или 23 април да пристигнат 81.600 дози вакцини Астра Зенека.

На Косово пристигнати се 24.000 дози Астра Зенека, а се очекува Косово во рамките на програмата да добие вкупно 100.800 дози вакцини Астра Зенека.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски