Македонија и Косово заедно ќе работат на развој на дигитализацијата во двете земји

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот за иновации и претприемништво на Косово, Бесим Бечај денеска оствари ја работна средба на којшто разговараа за идните заеднички активности од областа на развојот на информатичкото општество, иновациите и претприемништвото.

„Темите за коишто разговаравме се унапредување на нашата регионална соработка пред се во делот на конкретните аспекти коишто ќе влијаат на животот на граѓаните. Она што сите го знаете е дека имаме сериозен напредок и конкретен план за укинување на цените за роаминг помеѓу граѓаните од земјите на Западен Балкан, но и кон Европската Унија заклучно со 2021 година. Вториот проект за којшто разговаравме е нашиот предлог во Скопје да се формира регионален центар за обуки за сајбер безбедност за сите вработени во јавните институции од земји од Западен Балкан, за што имаме целосна поддршка од нашите пријатели од Косово“, информираше министерот Манчевски.

Како што истакна тој МИОА ја прифаќа иницијатива на министерот Бечај за формирање на регионален облак (cloude) за земјите Северна Македонија, Косово и Албанија каде ќе може да се врши истражување и развој и еден вид соработка меѓу научно технолошките центри и паркови на регионално ниво.

Министерот Бечај информираше за последната средба со Еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел, каде се разговарало за отворените европски фондови кои регионално Северна Македонија и Косово можат да ги искористат.

„Со комесарката Габриел разговаравме за дигиталните вештини, за облакот за регионални истражувања и развој, како и за многу други области од нашиот интерес, се стремиме кон добивање европски фондови и се надевам дека во таа насока ќе можеме да оствариме понатамошна соработка со министерот на Р. Македонија. Исто така, сакам уште еднаш да изразам поддршка за проектите коишто се во план, вклучително и за регионалниот центар за сајбер безбедност“, рече министерот Бечај.

На работниот состанок се зборуваше и за можната соработка во полето на развој на паметни градови. Двете држави можат заедно да формираат добар пазар за развој на дигитални вештини, подигнување на компетитивноста и искористување на човечките ресурси.

Би можело да ве интересира

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Убиство на Косово – го застрела својот брат во гениталии, искрвари на пат кон болница

А1он

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ