Македонија го презема конзулатот на екс СФРЈ во Цирих

Од:

Република Македонија го презеде во сопственост објектот на Генераниот конзулат на поранешната СФРЈ во Цирих.

Примопредавањето на зградата и опремата во Генераниот конзулат на поранешната СФРЈ во Цирих и на две уметнички слики чиј досегашен корисник беше Република Србија, во сопственост на Република Македонија, се изврши брзо и ефикасно, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Станува збор за процес на примена на Резолуцијата усвоена од Мешовитиот комитет за поделба на дипломатско-конзуларниот имот усвоена во Загреб во 2006 година со која е извршена поделба на 44 дипломатско-конзуларни претставништва на поранешната СФРЈ од регионот на ОЕЦД. Нивното примопредавање се врши во временски термини утврдени со Резолуцијата на Мешовитиот Комитет, усвоена во Белград на 19 мај 2011.

Врз основа на Резолуцијата од Загреб од 2006. година, на Република Македонија и припаднаа четири објекти, Амбасадата на поранешната СФРЈ во Канбера, Австралија, Конзуларното одделение при Амбасадата на поранешна СФРЈ во Атина, Грција, предадени во сопственост на Република Македонија, репрезентативен стан во Рим, Италија, како и објектот во Цирих.

За распределба на преостанатите објекти на државите наследнички ќе се разговара на следниот состанок на Мешовитиот Комитет за поделба на дипломатско-конзуларниот имот на поранешна СФРЈ, што ќе се одржи во Скопје, во втората половина на 2012 година.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала кандидати за пасош, одбила многу барања

Орце Костов

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов