Македонија ги одбележува Денот на Европа и победата над фашизмот

Од:

Со повеќе активности во Македонија денеска ќе биде одбележан 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Традиционално ќе се одржи манифестацијата „Ден на европското знаме, со поставување на знамињата на ЕУ и Македонија на врвот на Водно“, во организација на Делегацијата на ЕУ во Македонија.

За „Денот на Европа“ и „Денот на МНР“ е најавен дипломатски тениски турнир со претставници од дипломатско-конзуларните претставништва и странските мисии во Македонија, како и вработени во Министерството за надворешни работи.

По повод 70-годишнината од завршувањето на Втората светска војна, Денот на победата над фашизмот, делегации на Собранието на Република Македонија и на Град Скопје, политички партии, невладини организации… ќе положат цвеќе пред спомениците на ослободителите на Скопје и на генерал Михајло Апостолски на градските гробишта Бутел и пред Споменикот на ослободителите на Скопје на платото пред Владата на РМ.

Амбасадата на Руската федерација во Македонија, пак, организира положување цвеќе пред споменикот на загинатите војници во Втората светска војна кај кањонот Матка,  како и концерт „Ура на победата“ на платото пред СЦ „Јане Сандански“ по што ќе следи пренос на јубилејната воена парада во Москва. Општински делегации ќе положат цвеќе на паднатите борци во реонскиот парк во општина Ѓорче Петров, како и пред споменикот на Ченто во Општина Гази Баба.

Во рамки на проектот „Градиме заедничка европска иднина“ на Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ во литературно кафе „Метаноја“ организира настан „Еврокафе“.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

А1он

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски