На веб-сајтот на грчката општина Пела, Република Македонија фигурирала под уставното име. Тоа кренало голема врева во грчките медиуми, кои се гневни што на мапата Република Македонија е претставена под уставното име, а времената референца ја има во заграда, јаува дописникот на Нетпрес од Атина.
Објаснувањето на случајот, сепак е едноставно – од општината велат дека за својот сајт користеле мапа од Гугл Мапс. Имено, мапите на светскиот гигант го користат името Македонија, надополнето со референцата ФИРОМ во заграда.