Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно – реакција на македонските власти на изјавата на Захарова

Од:

Република Северна Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност се вели во реакцијата од Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана на изјавата портпаролката на руското МНР во врска со тенковите кои земјава и ги донираше на Украина.

– Северна Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независнот на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓунаордниот поредок заснован на правила. Имено, досега, Владата на Република Северна Македонија донесе неколку Одлуки за воено – техничка помош со кои и помагаме на Украина во одбрана на својот територијален интегритет кој е загрозен од воената интервенција. Република Северна Македонија како членка на најмоќниот воено – политички сојуз – НАТО Алијансата, одлучно стои зад позицијата и решителноста на Алијансата да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји – членки и да ги штити вредностите, слободата и безбедноста на сегашните и идните генерации се вели во заедничката изјава од двете министерства.

Би можело да ве интересира

Захарова: Ги предупредивме балтичките земји, ако имаат барем малку разум, ќе послушаат

ВИДЕО: Жесток украински напад на Русија, половина милион домаќинства останаа без струја

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Русија ќе одговори ако Украина ја нападне од воздушниот простор на друга земја

Украински дронови се урнаа во Финска

Катерина Ѓуровски

Марија Захарова: Ако Зеленски добие нуклеарно оружје, Европа ќе биде првата жртва

А1он