Македонија е најхомофобична држава на Балканот, на самото дно се наоѓа и во Европа

Од:

Според почитувањето на правата и слободите на ЛГБТ заедницата, Македонија со 13% е закована на самото дно во споредба со Балканските држави. Од Македонија, поголем степен на толеранција кон припадниците на ЛГБТ има дури и Косово со 14%. Понатаму следуваат Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Грција, покажува најновото истражување на белгиската невладина организација ИЛГА.

Додека, пак, од вкупно 49 земји, Македонија се наоѓа на 43 позиција како земја со голем и изразен степен на хомофобија. Под нас се наоѓаат државите Украина, Монако, Молдавија, Азербејџан, Арменија и Русија. Истражувањето го направи белгиската невладина организација ИЛГА.

Македонија е на самото дно, далеку под најголемите европски земји, кои традиционално имаат помек став кон ЛГБТ популацијата. На врвот на листата се наоѓа Велика Британија, која како држава нејзиниот праг на толеранција кон ЛГБТ луѓето изнесува 77%. Потоа следуваат Белгија, Норвешка, Шведска, Шпанија и Португалија со околу 66%, а позади нив се наоѓаат Данска, Ирска и Германија со речиси 55%.

341865_homofobija-01_origh

Воедно, истражувањето покажува дека дискриминацијата кон сексуалните малцинства е во пораст на европско ниво.

– Насилството кон ЛГБТ заедницата е вистински паневропски феномен, мотивиран со национализам, традиционализам, како и верски фундаментализам – се наведува во истражувањето.
Истражувањето за праватаи слободите на ЛГБТ популацијата во Европа го направи белгиската невладина организација ИЛГА.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција, прва православна земја која дозволи истополови бракови – Лидерот на СИРЗА прослави во Геј бар

Анита Петровска Рајковиќ

НМХТ: Итно да се пронајдат напаѓачите на Асани, институциите да не ги игнорираат делата од омраза

Национална мрежа за борба против хомофобијата до Зaeв: Педер не е ничија карактерна особина

А1он

„Веибо“ почна борба против хомосексуалноста

Наум Локоски

По 10-годишна пауза во главниот град на Естонија се одржи геј парада

Ана Ололовска

Германскиот Бундестаг ги легализираше истополовите бракови

Ана Ололовска