Македонија да биде една изборна единица – бараат малите партии, ако нема договор можни се и блокади на Собранието

Од:

Помалите политички партии овој пат цврсто се решени да ги истуркаат измените на Изборниот законик за промена на изборниот модел од шест во една изборна единица. Павле Трајанов од Демократски сојуз информира дека подготвуваат иницијативата зад која ќе застанат над 30 пратеници, а се очекува да ја поднесат до крајот на јануари. Трајанов додава дека доколку не се прифати нивниот предлог малите партии имаат механизам да го блокираат носењето на одлуките и да го доведат во прашање функционирањето на Парламентот.

„Во моментот работиме да обезбедиме единство и цврсто да стоиме на нашето барање. Сакаме да издејствуваме иницијативата да помине со консензус со договор и останува да видиме дали ќе прифатат или може да блокираме. Доколку десетина пратеници се одвоиме од коалицијата и не ги гласаме за одлуките и законите во Парламентот, тој не може да функционира. Еве нека си ги гласаат сами без нас. Но, ниту СДСМ самостојно со ДУИ може да носи одлуки, ниту, пак, ВМРО-ДПМНЕ на кој било начин ќе може да функционира. Затоа очекуваме разговор и заеднички договор за нашето барање“, рече Трајанов.

Од партијата ДОМ, која со години се залага да се затвори ова прашање, велат дека решението треба да се договори на маса со сите партии по пат на консензус. За нив клучно е што над 50% од граѓаните даваат поддршка за промена на изборниот модел, па оттука не гледаат проблем политичарите да се договорат и следните парламентарни избори да се организираат во една изборна единица.

„Ова е сериозно прашање и бара сериозен и одговорен пристап од сите политички партии. Не гледам простор да не помине иницијативата за промена на изборниот модел кога има расположение од многу поголем број политички партии и пратеници. СДСМ минатиот пат ни даде отворена поддршка, се надевам дека и овој пат ќе застане зад измените, а верувам дека овој пат и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе застанат зад предлогот, затоа што така ќе биде најдобро за сите партии и ќе имаме фер борба на изборите. Изборниот модел треба да биде поддржан од сите партии, затоа што и да го изгласаме, без консензус, можеме да се соочиме со незадоволство кај некоја партија, па да имаме блокади на изборите, што не е прифатливо за една демократска држава“, вели Морачанин за „А1он“.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со став дека сè уште е рано да заземат став по оваа прашање, но расположени се за дискусија и изнаоѓање заедничко прифатливо решение.

„Кога ќе дојде на ред да се дискутира за Изборниот законик, ќе се разгледаат сите барања за измена на истиот. Ќе разговараат и работните групи и сите измени во пакет ќе се продискутираат“, велат од пратеничката група на опозициската партија.

Ставот на СДСМ е познат, тие и во минатиот собраниски состав дадоа отворена поддршка на измените на Изборниот законик, кои, сепак, не поминаа поради блокадата од околу 5.000 амандмани од страна на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Комисијата за политички систем тогаш воопшто не ја отвори амандманската расправа, а набрзо беше распуштено Собранието затоа што следуваа парламентарните избори.

Од партиски извори дознавме дека за ова прашање се очекува лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да се усогласат на работните средби кои ќе следат, а на кои ќе се договараат решенија за пописот и други отворени прашања.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови