А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонија и Бугарија на заедничко поклонение во Рим во чест на „Св. Кирил“

by А1он14/05/2018 - 14:53118
Share0

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев со делегација на владини претставници како и претставници од Македонската православна црква и Римокатоличката Црква во Македонија, на 24 и 25 мај ќе престојува во официјална посета на Република Италија и Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти владината прес служба, на 24 мај, премиерот Заев и делегацијата ќе пристигнат во Базиликата „Свети Климент“ на молебен, каде ќе ги пречека старешината на Базиликата, отец Томас Мекарти. Во оваа Базилика, македонската и бугарската владина делегација заедно ќе положат венци цвеќе на гробот на Св.Кирил.

Македонската делегација потоа ќе се упати кон базиликата „Санта Марија Маџоре“ каде ќе положат свежо цвеќе на спомен плочата од папата Адриан II, во чест на Св.Кирил и Методиј. Истиот ден, македонската делегација ќе положи венци цвеќе и на споменикот Св. Кирил и Методиј во Амбасадата на Република Бугарија, каде ќе има и заеднички ручек на претседателите на владите на Република Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов.

Во петок, на 25 мај, премиерот Заев придружуван од владината делегација ќе присуствува на Аудиенција кај папата Франциск во Апостолската Палата во Ватикан, а потоа премиерот Заев ќе се сретне со Државниот секретар на Светата Столица, кардинал Пјетро Паролин. Во попладневните часови, македонската и бугарската владина делегација ќе присуствуваат на отворање на заедничка културно – уметничка програма, организирана од министерствата за култура на двете земји.

bugarijaZaev

Би можело да ве интересира

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 09:24

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 14:38

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 17:17

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 13:4718/02/2026 - 13:49

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Горан Наумовски27/01/2026 - 20:07

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Предраг Петровиќ19/01/2026 - 18:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто