„Македонија бојкотира“ ги повика гостиварци да го бојкотираат референдумот

Од:

Јанко Бачев лидер на партијата Единствена Македонија и предводник на кампањата „Македонија бојкотира“ на вечерашниот собир од гостиварци побара масовно да кажат не, на, како што рече, капитунантскиот договор со кој се брише се македонско.

Тој ги обвини актуелните министри во Владата дека шират лаги.

– Не им верувајте на лагите што ги зборуваат Димитров, Шеќеринска и Заев.Тие се одродени Македонци. НАТО ги интересира само послушни политичари кои ќе им служат верно, а тие пак мислат дека НАТО ќе им го заштити украденото, рече Бачев.

Зборуваше и за последната одлука со која Уставен суд ќе заседава на 19 септември.

– Власта е во очај и еве тоа се покажува бидејќи Уставниот суд на 19 септември ќе расправа за референдумот. Власта со притисок до Уставниот суд ќе бара да се укине одлуката за референдумот и на тој начин да го избегнат големиот срам кој се обидоа да го наметнат. За овој потег доказ е и последната анкета која покажува дека 80 отсто од граѓаните го бојкотираат референдумот, рече Бачев.

Тој на гостиварци им порача, сите заедно, без оглед на политичката определба, да се обединат за референдумот да не успее.

– Влогот е голем. Ова е света борба на сите нас, бидејќи немаме што да изгубиме. Ова е момент кога сите треба да се обединиме како Македонци. Ова е борба на целиот македонски народ, борба за опстанок на Македонија и Македонците и затоа мора да ја добиеме оваа битка, рече Бачев.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

ЦЈЗ Тетово ја прекина состојбата на епидемија во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар – водата е чиста и безбедна за пиење