• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

„Македонија-Блокира“ го поддржува и ќе учествува на денешниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ

by А1он28/11/2018 - 10:50680
Share0

„Македонија-Блокира“ поддржува секакви протести против ненародната власт и затоа ќе учествува на денешниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ пред македонската влада.

Добивај вести на вибер

Во овој момент мора да се тргнат настрана тесно-партиските интереси и сите национални и патриотски сили правилно да ги распоредат интересите што подразбира, на прво место националниот и државниот интерес, на второ место партискиот интерес, а дури некаде на трето место личниот интерес.

Ова зло што му се случува на Република Македонија е познато. Се вика пучистичка власт во Скопје која сака да сруши се што е македонско. Националните и патриотските сили имаат обврска тоа да не му го дозволат и затоа во периодот што следи треба единствени и сплотени да се бориме против уставните промени со кои се брише се што е македонско, а после на избори секој нека оди со своите определби оти простата вистина вели дека доколку се сруши државата сите ќе не затрупа во неа!

Сега е потребно обединување на македонски оти ова не битка за поединци, лидери или за власт, ова е битка за опстанок на цел еден народ, ова е битка за Македонија и Македонците.

Сите ние како Македонци имаме света должност, сплотени и единствени, да се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, да се бориме да го одбраниме името, идентитетот, историја и традицијата на македонскиот народ.

Оваа борба е света должност и затоа Македонија ќе победи. Оваа борба е исправна и оваа битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер“, се вели во соопштението на „Македонија-Блокира“.

dpmnemakedonija blokira

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 11:56

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 12:38

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:42

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен